Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука - 2017 год.

Повик за Ерасмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (Vocational Education and Training Mobility Charter)

 

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

18-26/2 од 10.01.2017

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука ќе овозможи да се аплицира на поедноставен начин за проекти под Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2017.  Исто така целта на Повелбата е подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

Како да се аплицира?

Крајниот рок за пријавување за стекнување  на Повелбата за мобилност за стручното образование и обука е 17-ти мај 2017, до 12:00 часот на пладне. Има само еден рок за аплицирање во 2017 година. Електронската форма за аплицирање во моментов не е достапна и очекуваме  истата да биде достапна во март 2017. Оваа страна ќе биде ажурирана, кога апликацијата  ќе биде достапна.

Европската Комисија го управува системот за он лајн аплицирање, вклучувајќи го и објавувањето на електронската апликација.

Внимателно да се разгледуваат следните документи:
  1. Повик (ENGMKD)
  2. Инструкции за пополнување на апликацијата за Ерасмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (ENG)
  3. Формулар за аплицирање (драфт верзија)
  4. Обврска за квалитет (ENG)


Назад