Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука - 2018 год.

Повик за Ерасмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (Vocational Education and Training Mobility Charter)

 

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука ќе овозможи да се аплицира на поедноставен начин за проекти под Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени. Исто така целта на Повелбата е подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

Како да се аплицира?

Крајниот рок за пријавување за стекнување  на Повелбата за мобилност за стручното образование и обука е 17-ти мај 2018, до 12:00 часот на пладне. Има само еден рок за аплицирање во 2018 година. Електронскиот формулар за аплицирање е онлајн формулар достапен на следниот линк на платформата за аплицирање.

Европската Комисија го управува системот за онлајн аплицирање, вклучувајќи го и објавувањето на електронската апликација.

Внимателно да се разгледуваат следните документи:
  1. Повик (ENGMKD)
  2. Инструкции за пополнување на апликацијата за Ерасмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (ENG)
  3. Образец на онлајн формуларот за аплицирање
  4. Инструкции за пополнување на апликацијата за Ерасмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука (ENG)
  5. Обврска за квалитет (ENG)
  6. Практично упатство за стратешка интернационализација за ВЕТ (ENG)

Назад