Повик за избор на двајца еТвининг амбасадори за eТвининг конференција во Св Жулиан-Малта

06 Септември 2017год.

Врз основа на Решение  бр. 20-827/2 од 06.09.2017, донесена од В.Д Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ибор на двајца (2) еТвининг амбасадори за eТвининг конференција во Св Жулиан-Малта 26-28 октомври 2017г

Во согласност со работната програма за 2017г. Националната агенција за европски образовни програми има предвидено учество на двајца (2)еТвининг амбасадори за eТвининг годишна конференција во Св Жулиан-Малта 26-28 октомври 2017г,.Конференцијата е наменета за наставници од сите наставни предмети кои се заинтересирани за учење на нови методологии .Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски.

Кој може да аплицира?

Подобни да аплицираат се наставници од сите основни и средни училишта, и установи за претшколска возраст во Република Македонија, и треба да ги задоволуваат следните специфични критериуми:

  • Кандидатот да е член на мрежата на еТвининг амбасадори;
  • Кандидатот да биде регистриран како активен член на еТвининг заедницата на порталот eTwinning.net;
  • Кандидатот да има одржано еТвининг мини конференција;
  • Кандидатот има најмалку два завршени проекти во еТвининг;
  • Кандидатот треба да има стекнати награди во рамките на еТвининг акцијата;
  • Кандидатот да има одлично познавање на англиски јазик;
  • Кандидатот да има добри презентациски, организациски и комуникациски вештини;
  • Кандидатот да има искуство во користење на ИКТ и интернет во образовниот процес.
Период на активноста

еТвининг конференцијата ќе се оддржи во Св Жулиан-Малта 26-28 октомври 2017г

Начин и рок за аплицирање?

Сите заинтересирани субјекти и правни лица кои ги исполнуваат претходно наведените критериуми треба да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по електронски пат на адреса за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk најдоцна до 12 септември  2017г – 16.00 часот, следните документи:

  • Биографија на кандидатот во ЕУРОПАС формат;
  • Сертификат дека сте еТвининг амбасадор
  • Скенирани сертификати од  два еТвининг проекти

 

Назад