Повик за контакт семинар во Варшава, Република Полска

19-08-2019 15:49

Повик за контакт семинар во Варшава, Република Полска

Тема на контакт семинарот: Key competences for adults in cultural institutions

 
Цел: Вмрежување во областа на клучните компетенции на возрасните кои ги стекнале  во културните институции, споделување на најдобрите практики, дискусија за идеи за нови проекти и подготовка на нацрти на нови Еразмус + проекти за образование за возрасни.
 
Профил на учесници:*Персоналот од културните институции кои обезбедуваат образование за возрасни.
 

Контакт семинарот ќе се реализира во Варшава, Република Полска од 08 до 11 октомври 2019 година.

Националната Aгенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано Две  места.

Трошоци:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-Организациски трошоци(сместување, храна)најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот  учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара надоместок за сместувањето;

- Учесникот треба да го покрие трошокот за патот од аеродромот од  Варшава до местото на настанот.

Рок и начин зааплицирање

*Рокот за аплицирање е до 5 септември 2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнетеја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mkсо назнака Контакт семинар Полска.

 

Назад