ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A03/2016: ЕРАЗМУС+ 2017

23-11-2016 12:24

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ 2016 – EAC/A03/2016

Програма Еразмус +

(2016/C 386/09)

1.   Вовед и цели

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2016 и 2017 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

2.   Акции

Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

-          Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади

-          Стратешки ЕВС проекти

-          Настани од големи размери - Европски волонтерски сервис

-          Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи 

 Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

-          Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади

-          Алијанси на знаења

-          Градење на капацитети во областа на високото образование

-          Градење на капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

-          Структурен дијалог: Состаноци помеѓу млади луѓе и носители на одлуки во областа на младите

Жан Моне активности

-          Жан Моне катедри

-          Жан Моне модули

-          Жан Моне центри на извонредност

-          Жан Моне поддршка за здруженија

-          Жан Моне мрежи

-          Жан Моне проекти

Спорт

-          Партнерства за соработка

-          Мали партнерства за соработка

-          Непрофитни Европски спортски настани

 

   

 

 

3.   Подобност

Секоја јавна или приватна институција активна во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирана во рамките на програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни во полето на младинска работа, но не е неопходно да се во контекст на младински организации, можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.

Програмата Еразмус + е отворена за учество во следните земји[1]:

Следните програмски земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+:

  • 28 земји членки на Европска унија,
  • ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка,
  • Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција, Македонија

Покрај тоа, одредени акции од програмата Еразмус+ се отворени за организации од партнерски земји.

Ве молиме погледнете го програмскиот водич Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во програмата.

4.   Буџет и траење на проектите

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 2 157,1 милиони евра:

Образование и обука

:

905,4 милиони евра[2]

Млади

:

209,1 милиони евра

Жан Моне

:

10,8 милиони евра

Спорт

:

31,8 милиони евра

 

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог проекти како и нејзината поделба е индикативна и може да биде изменета врз основа на амандман на Еразмус+ Годишната работна програма. Потенцијалните апликанти/корисници се советуваат редовно да го проверат Еразмус+ Годишната работна програма и нејзините амандмани, објавени во:

http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/more_info/awp/index_en.htm

во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со овој повик.

 

Нивото на доделени грантови како и времетраењето на проектите зависат од фактори како што се видот на проектот и бројот на партнери кои се вклучени.

 

5.   Краен рок за доставување на апликации

Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот (напладне), Бриселско време.

Клучна Акција  1

Мобилност на индивидуи во областа на образование и обука

2 февруари 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

2 февруари 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

26 април 2017

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

4 октомври  2017

Стратешки ЕВС проекти

26 април 2017

Настани од големи размери - Европски волонтерски сервис

5 Aприл 2017

Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи 

16 февруари 2017

Клучна Акција  2

Стратешки партнерства во областа на образование, обука                                                                         

29 март 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

2 февруари 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

26 април 2017

Стратешки партнерства во областа на млади

4 октомври  2017

Алијанси на знаења

28 февруари 2017

Градење на капацитети во областа на високото образование

9 февруари 2017

Градење на капацитети во областа на младите

8 март 2017

 

Клучна Акција 3

Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите

2 февруари 2017

26 април 2017

4 октомври  2017

Акција Жан Моне

Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и здруженија, мрежи, проекти

23 февруари 2017

Акција Спорт

Партнерства за соработка

6 април 2017

Мали партнерства за соработка

6 април 2017

Непрофитни Европски спортски настани

6 април 2017

Ве молиме погледнете го Еразмус + програмскиот водич за понатамошните детални инструкции за поднесување на апликации.

7.   Сумарни детали

Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во водичот за Еразмус + програмата на следниов интернет портал:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources_en

Еразмус + програмскиот водич содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество и финансирање кои целосно се применуваат во овој повик.

 



[1] Освен за Жан Моне акциите кои се отворени за институции од целиот свет

[2] Оваа сума ги вклучува фондовите за Меѓународна димензија за Високото образование (301,6 милиони евра вкупно)

Назад