ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A03/2018: ЕРАЗМУС+ 2019

25-12-2018 18:45

 

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ –EAC/A03/2018

Програма Еразмус +

2018/C 384/04

1.   Вовед и цели

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот на 11 декември 2013 воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт и укинување на одлуките бр. 1719/2006 / ЕК, бр. 1720/2006 / ЕК и бр. 1298/2008 / ЕК ([1]), како и на 2018 и 2019 Еразмус+ Годишните работни програми. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Генералните и специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

2.   Акции

Овој повик за предлог проекти ги опфаќа следните акции на Програмата Еразмус +:

Клучна акција 1 (КА1) – Мобилност за учење на индивидуи

·         Мобилност на индивидуи во областа на образование, обука и млади

·         Еразмус Мундус – заеднички дипломи

Клучна акција 2 (КА2) – Соработка за иновација и размена на добри практики

·         Стратешки партнерства во областа на образование, обука и млади

·         Европски Универзитети

·         Алијанси на знаења

·         Алијанси на вештини по сектори

·         Градење на капацитети во областа на високото образование

·         Градење на капацитети во областа на младите

Клучна акција 3 (КА3) – Поддршка за реформи на политиките

·         Проекти Младински дијалог

Жан Моне активности

·         Жан Моне катедри

·         Жан Моне модули

·         Жан Моне центри на извонредност

·         Жан Моне поддршка за институции и здруженија

·         Жан Моне мрежи

·         Жан Моне проекти

Спорт

·         Партнерства за соработка во областа на спортот

·         Мали партнерства за соработка

·         Непрофитни Европски спортски настани

 

 

 

3.   Подобност

Секое јавно или приватно тело активно во полето на образование, обука, млади и спорт може да аплицира за да биде финансирано од страна на програмата Еразмус +. Понатаму, групи од млади лица кои се активни на полето на работа со млади, но не е неопходно да се во контекст на младински организации можат да аплицираат за финансирање на мобилност на млади и младински работници, како и за стратешки партнерства во областа на млади.

Следните програмски земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+ ([2]):

·         Земјите членки на Европска унија;

·         ЕФТА/ЕЕА земји: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка;

·         Земји кандидатки за членство во ЕУ: Турција, Македонија и Србија.

Покрај тоа, одредени акции од програмата Еразмус+ се отворени за партнерските земји.

Ве молиме погледнете го програмскиот водич Еразмус+ за дополнителни детали во врска со учеството во програмата.

За апликантите од Британија: Ве молиме да имате предвид дека критериумите за подобност мора да бидат исполнети за целото времетраење на грантот. Доколку, Обединетото Кралство се повлече од ЕУ за времетраењето на грантот без да склучи договор со ЕУ обезбедувајќи апликантите од Британија да продолжат да бидат подобни, ќе престанете да добивате финансирање од ЕУ (додека продолжите, каде што е можно, да учествувате) или ќе биде потребно да го напуштите проектот врз основа на релевантните одредби од договорот за грант за раскинување.

4.   Буџет и траење на проектите

Имплементацијата на овој повик за предлог проекти е предмет на достапност на предвидените средства во нацрт-буџетот за 2019 година и неговото усвојување од страна на буџетскиот орган или ако буџетот не е усвоен како што е предвидено се преминува кон системот на привремени дванаесетини.

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог проекти се проценува на 2 733,4 милиони евра:

Образование и обука

:

2 503,4 милиони евра[3]

Млади

:

167,7 милиони евра

Жан Моне

:

13,7 милиони евра

Спорт

:

48,6 милиони евра

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог проекти како и нејзината поделба е индикативна и може да биде изменета врз основа на амандман на Еразмус+ Годишната работна програма. Потенцијалните апликанти/корисници се советуваат редовно да ја проверуваат Еразмус+ Годишната работна програма и нејзините амандмани, објавени во:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en во однос на расположливиот буџет за секоја акција опфатена со овој повик.

Нивото на доделени грантови како и времетраењето на проектите зависат од фактори како што се видот на проектот и бројот на партнери кои се вклучени.

5.   Краен рок за доставување на апликации

Сите крајни рокови за доставување на апликации се специфизирани на пред и до 12.00 часот напладне, Бриселско време.

Клучна Акција  1

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

5 февруари 2019

Мобилност на индивидуи во областа на високото образование

февруари 2019

Мобилност на индивидуи во областа на стручното образование и обука,

училишното образование и образоването на возрасни

февруари 2019

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

30 април 2019

Мобилност на индивидуи само во областа на младите

1 октомври 2019

Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи

14 февруари 2019

Еразмус Мундус – заеднички мастер дипломи – Заеднички повик ЕУ- Јапонија

1април 2019

Клучна Акција  2

Стратешки партнерства во областа на млади                                       

5 февруари 2019

Стратешки партнерства во областа на образование и обука

21 март 2019

Стратешки партнерства во областа на млади

30 април 2019

Стратешки партнерства во областа на млади

1 октомври 2019

Европски универзитети

28 февруари 2019

Алијанси на знаења

28 февруари 2019

Алијанси на вештини по сектори

28 февруари 2019

Градење на капацитети во областа на високото образование

7 февруари 2019

Градење на капацитети во областа на младите

24 јануари 2019

Клучна Акција 3

Проекти Младински дијалог

5 февруари 2019

30 април 2019

1 октомври 2019

Акции Жан Моне

Катедри, модули, центри за извонредност, поддршка на институции и здруженија, мрежи, проекти

22 февруари 2019

Акции Спорт

Партнерства за соработка

4 април 2019

Мали партнерства за соработка

4 април 2019

Непрофитни Европски спортски настани

4 април 2019

Ве молиме погледнете го Еразмус + програмскиот водич за понатамошните детали како и критериумите за доделување на грант кои се применуваат за конкретни активности.

7.   Сумарни детали

Целосни услови за повикот за предлог проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во водичот за Еразмус + програмата на следниов интернет портал:

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

Еразмус + програмскиот водич содржи интегрален дел од овој повик за предлог проекти, како и услови за учество и финансирање кои целосно се применуваат во овој повик.



[1] Сл. весник L 347, 20.12.2013, стр.50.

[2] Жан Моне активностите се отворени за оргаизации од целиот свет. 

[3] Оваа сума ги вклучува фондовите за Меѓународна димензија за Високото образование (306 милиони евра)

Назад