Повик за пријавување на учесници за „Годишен ЕВС настан“ 2-4 декември 2016 година

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност организира редовен “Годишен ЕВС настан“ кој ќе се одржи од 02-04.12.2016 во Скопје.

Годишниот ЕВС настан ќе биде можност за сите ЕВС волонтери кои заклучно со 1 декември 2016 ја завршиле својата ЕВС активност: да дискутираат и да разменат искуство за реализираните ЕВС проекти, да го пренесат своето искуство на тековните ЕВС волонтери но и на потенцијално заинтересираните млади кои имаат интерес да бидат ЕВС волонтери.

Учесниците на Годишниот ЕВС настан ќе имаат можност да направат вмрежување и остварување на нови контакти, споделување на искуство од ЕВС како можност за неформално стекнување на нови вештини и знаења, развој на нови проекти и истражување на можности за искористување на стекнатите вештини и знаења.  Ќе бидат презентирани резултати од успешни ЕВС проекти и истовремено ќе биде одбележан 5 декември Меѓународниот ден на волонтерство.

На овој настан се повикуваат да учествуваат:

-       Сите волонтери кои ја завршиле својата ЕВС активност. (заклучно со 1 декември 2016)

-       Тековни ЕВС волонтери. (кои во моментот се вклучени во ЕВС активности)

-       Потенцијалните волонтери. (млади лица кои имаат интерес да бидат ЕВС волонтери )

-       Организациите кои во своите проектни активности имаат вклучено тековни волонтери.

-       Организации кои имаат за цел да се вклучат во ЕВС активности.

-       Медиуми (кои имаат интерес да дознаат повеќе за Европски волонтерски сервис – ЕВС )

-       Други заинтересирани страни кои сакаат да добијаат информации во врска со волонтерството.

Се повикуваат сите заинтересирани учесници најдоцна до 25.11.2016 год. (петок)  до 14.00 ч да го пополнат електронскиот формулар за пријавување интерес за учество  (линк до формуларот)

Поради ограничен број на учесници Ве информираме дека на 28 ноември 2016 сите селектирани лица ќе бидат известени по телефон и  е-маил.

 

Назад