Повик за пријавување на учесници за “Годишен ЕВС настан “

Повик за пријавување на учесници за
 “Годишен ЕВС настан “   
20-21 декември 2017 година

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност организира редовен “Годишен ЕВС настан“ кој ќе се одржи од 20-21 декември 2017 во Скопје.

Годишниот ЕВС настан ќе биде можност за сите ЕВС волонтери кои заклучно со 1 декември 2017 ја завршиле својата ЕВС активност: да дискутираат и да разменат искуство за реализираните ЕВС проекти, да го пренесат своето искуство на тековните ЕВС волонтери но и на потенцијално заинтересираните млади кои имаат интерес да бидат ЕВС волонтери.

Учесниците на Годишниот ЕВС настан ќе имаат можност да направат вмрежување и остварување на нови контакти, споделување на искуство од ЕВС како можност за неформално стекнување на нови вештини и знаења, развој на нови проекти и истражување на можности за искористување на стекнатите вештини и знаења.  

На овој настан се повикуваат да учествуваат/ да се пријават :

-       Сите волонтери кои ја завршиле својата ЕВС активност. (заклучно со 1 декември 2017)

-       Тековни ЕВС волонтери. (кои во моментот се вклучени во ЕВС активности)

-       Потенцијалните волонтери. (млади лица кои имаат интерес да бидат ЕВС волонтери )

-       Организациите кои во своите проектни активности имаат вклучено тековни волонтери.

-       Организации кои имаат за цел да се вклучат во ЕВС активности.

-       Медиуми (кои имаат интерес да дознаат повеќе за Европски волонтерски сервис – ЕВС )

-       Други заинтересирани страни кои сакаат да добијаат информации во врска со волонтерството.

Се повикуваат сите заинтересирани учесници:

  • најдоцна до 15  декември 2017 год. (петок)  до 14.00 ч да го пополнат електронскиот формулар за пријавување интерес за учество  (во on-line апликацискиот формулар подолу на страницава)

Поради ограничен број на учесници Ве информираме дека на 16 декември  2017 сите селектирани лица ќе бидат известени по телефон и  е-маил.  

Назад