Повик за пријавување на учесници за Инфо ден за новата програма „Европски солидарен корпус“

На 16 април 2019 година, од 12.00 до 15.00 часот,во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,ќе се одржи прв инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“ на Европската комисија.

Целна овој настан е информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за можностите кои се отвораат преку програмата „Европски солидарен корпус“. Исто така, присутните детално да бидат запознаени со т.н Волонтерски активности и Солидарни проекти кои ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во НА. Истовремено, вработени од НА детално ќе го презентираат начинот на аплицирање,критериумите за користење на програмата,кои сè потенцијални апликанти и корисници можат да аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Корисници и потенцијални апликанти во програмата „Европски солидарен корпус“ може да бидат млади, организации кои дејствуваат во полето на неформалното образование,младински работници, училишта, библиотеки, локална самоуправа и други заинтересирани.

Присуство на работилницата можат да земат претставници на здруженија на граѓански организации, лица кои активно работат во полето млади и неформално учење, претставници од локалната самоуправа, младински работници, библиотеки и училишта,како и сите други заинтересирани лица.

Поради ограничен број на учесници (30 лица) ги повикуваме сите заинтересирани лица најдоцна до 15 април 2019 година, до 10.00 часот, своето присуство да го најават со пополнување на податоците на следниот онлајн формулар:

Назад