Повик за пријавување на учесници за Инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“

21-01-2020 09:21

На 24 јанаури 2020 година, од 13.00 до 15.00 часот, во просториите на НА, ќе се одржи инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“ на Европската комисија.
Цел на овој настан е информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за можностите кои се отвораат преку програмата „Европски солидарен корпус“. Присутните детално ќе бидат запознаени со т.н. Волонтерски активности и Солидарни проекти кои ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во НА. Истовремено, вработени од НА детално ќе го презентираат начинот на аплицирање, критериуми за користење на програмата, кои се потенцијални апликанти и корисници, кои можат да аплицираат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Корисници и потенцијални апликанти во програмата „Европски солидарен корпус“ може да бидат млади, организации кои дејствуваат во полето на неформалното образование, младински работници, училишта, библиотеки, локална самоуправа и други заинтересирани.
На работилницата можат да присуствуваат претставници на здруженија на граѓански организации, лица кои активно работат во полето млади и неформално учење, претставници од локалната самоуправа, младински работници, библиотеки и училишта, како и сите други заинтересирани лица.
Поради ограничен број на учесници (30 лица) ги повикуваме сите заинтересирани лица, најдоцна до 22 јанаури 2020 до 10.00 ч., своето присуство да го најават со пополнување на табелата со податоци на следниот e-mail: martin.atanasov@na.org.mk

 

Назад