Повик за учесници “Мојата ЕВС приказна“

Европски волонтерски сервис- ЕВС е активност која Европската Комисија ја поддржува веќе 20 години и околу 100.000 млади од ЕУ и останатите земји ја искористиле можноста да бидат ЕВС волонтери. Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност тековно организира низа на настани во рамките на одбележување на 20 години ЕВС и за таа цел го организира настанот “Мојата ЕВС приказна“.   

Ги покануваме сите заинтересирани млади на возраст од 17 -30 години да ни се придружат на 12 декември 2016 од 12.00-14.30 ч во  објектот на “Јавна Соба “ (Сала “Слава“) ул.50 Дивизија бр.22 во Скопје во неформална и непосредна атмосфера да:

  • Дознаат за вистински реални ЕВС искуства од тековни ЕВС волонтери
  • Да разговарат со ЕВС волонтери кои во моментот се во Македонија на ЕВС проект
  • Да постават прашања за се што ги интересира за ЕВС
  • Да дознат како може да се биде ЕВС волонтер
  • Да дознат како може да живеат и да волонтираат во некоја од земјите на ЕУ и други земји со обезбедени трошоци

Профил на учесници:

  • Ученици , студенти , невработени, вработени
  • Организации кои сакаат да работат со ЕВС волонтери
  • На возраст од 17-30 години
  • Со живеалиште на територија на цела Македонија

 Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 12.12.2016 до 9.00 ч на следниот е-маил:

Snezana.simonovska@na.org.mk

Назад