ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ И ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/tetovo/IMG_9337.JPGПеток, 10 мај 2019 година  

На 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, го презентирал предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на, со војните разурнатиот и поделен, континент.

Во 1985 година, шефовите на земјите од Европската унија, на седницата во Милано, решаваат 9 мај да се слави како Ден на Европа. 

Од тогаш до денес 9 мај го симболизира стремежот кон единство, мир и просперитет во Европа.

Според Жан Моне ако треба одново да ја градиме Европа, треба да почнеме од образованието.

По тој повод Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентации за Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи во ССОУ Моша Пијаде- Тетово.

На презентациите присуствуваа над 60 лица - ученици и наставен кадар од ССОУ Моша Пијаде - Тетово.

Претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска им ја претстави Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи: Европас, Еврогајденс, Евридика, еТвининг, Евродеск и др.

Исто така, во овој дел посебен акцент се даде на учениците, односно на младите лица на кои што им беа укажани можностите и бенефитите што ги нуди Еразмус+ програмата и европските образовни мрежи, а се наменети за нив и како тие можат да ги искористат.

Се зборуваше и за Европскиот младински портал и за артиклите кои се наменети за младите лица, како и за Студирај во Северна Македонија (новиот портал со кој раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност).

По завршување на презентациите следуваше интерактивен дел каде што учесниците поставуваа прашања на кои одговори им беа дадени од претставничката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/tetovo/IMG_9341.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/tetovo/IMG_9347.JPG

 

Назад