ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ (ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ) И ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bas/IMG_7510.JPGЧетврток, 4 октомври 2018 година

Денеска,  претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, г. Александар Богојевски и г. Алексндар Голев одржаа презентации за Еразмус+ (високо образование) и европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски- Скопје.

На презентациите присуствуваа студенти од Бизнис Академија Смилевски- Скопје, при што им беа објаснети Европас документите, Еврогајденс целите и активностите, како и какви сè можности нуди Еразмус+ програмата (високо образование) за студентите.

Исто така, по завршување на презентациите се поведе дискусија околу можностите за Еразмус + програмата (високо образование) и беа поставени повеќе прашања од страна на самите студенти, на кои им одговорија претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bas/IMG_7513.JPG

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bas/IMG_7502 (2).JPG

Назад