Презентација за Ерамус+ Програмата и европските образовни мрежи

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/zelenikovo/IMG_9390.JPGПеток, 30 мај 2019 година

На 30 мај, во ООУ Марко Цепенков во с. Зелениково, се одржаа Презентации за Еразмус+ Програмата и европските образовни мрежи.

Г-га Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им ги презентираше европските образовни мрежи и Еразмус+ Програмата.

На овие презентации присуствуваа наставниот кадар и стручната служба од ООУ Марко Цепенков.

Целта на одржување на ваков вид презентации е запознавање со Еразмус + Програмата и европските образовни мрежи.

На презентациите, исто така, се напоменаа и можностите и бенефитите кои се нудат преку Еразмус + Програмата и европските образовни мрежи, а кои се наменети за основните училишта.

Исто така, во дискусијата беа образложени и сите можности и бенефити кои ги нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/zelenikovo/IMG_9392.JPG

Назад