Пријавување за работилници за аплицирање во KA2 акцијата

Во пресрет на рокот за поднесување апликации до 21.03.2018, во делот Мобилност на индивидуи во образовни полиња, Ве покануваме на работилница за процесот на аплицирање за проекти од КА2 акција, т.е. Стратешки партнерства.

За време на средбата ќе бидат опфатени теми од технички карактер (поднесување на веб апликација, потребна документација и фазите низ кои поминува апликацијата до одлучување), разгледување на достапните трошоци за финансирање, како и коментари и прашања на темата.

Место на оддржување: НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ, Порта Буњаковец А2-1 Скопје.

Ден: По завршување на процесот на аплицирање сите пријавени ќе бидат контактирани и информирани за терминот на оддржување на работилницата за која се пријавиле.

За подобар преглед и организација на средбата Ве молиме Вашето присуство да го најавите најдоцна до 12.02.2018 година преку следниот онлајн апликациски формулар:

 

НАПОМЕНА: Сите трошоци кои ќе настанат за присуство на средбата (патни, храна и др.) ќе бидат на товар на пријавените учесници.

Назад