ПРВА МЕЃУНАРОДНА ЕРАЗМУС+ НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ

 Вторник, 9 април 2019 година

На покана на Факултетот за бизнис и економија и Институтот за бизнис и економија, на 8 април, претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски, г-ѓа Ана Михајлов и г-ѓа Данче Чаловска, присуствуваа на Првата меѓународна Еразмус+ недела, која се организира во просториите на Факултетот за бизнис и економија.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/FBE/IMG-4b64f8eb25744e9aec86ae600e211671-V.JPG

На настанот земаа учество ректори, декани, професори, еразмус-координатори, студенти од државата и од други држави, учесници во Еразмус+ програмата. 

Господин Александар Богојевски и г-ѓа Ана Михајлов одржаа презентации во врска со трендовите во високото образование во Република Северна Македонија, како и успешни приказни од КА2 Партнерства во високо образование.

Факултетот за бизнис и економија и Институтот за бизнис и економија активно учествуваат во програмата Еразмус+, во клучната акција 1 и клучната акција 2 во делот на високото образование.

Назад