Публикација на Евридика: Извештај за граѓанското образование во Европа 2017

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/CitizenshipEd/Citizenship education - Vignette 2017(1).pngВо последните години се ставаше силен акцент на промоцијата на граѓанското образование, како резултат на зголемените закани за фундаментални вредности мирот, еднаквоста и човечките права, со кои е соочена Европа и како што неколку земји ги менуваат нивните политики во оваа област. Но, што е тоа Граѓанско образование? Како се поучува? Како се оценуваат учениците? Дали граѓанските вештини може да се развијат надвор од училницата? Каква обука и поддршка добиваат наставниците?

Извештајот е поделен во четири поглавја, секое надополнето со студија за последните иницијативи во политиките:

  • Организација на наставните програми и Содржина
  • Поучување, учење и активно учество
  • Оценување на ученциите и евалуација на училиштата и
  • Образование, професионален развој и поддршка на наставниците.

Извештајот главно се базира на квалитативните податоци, и покрива 42 образовни системи. Фокусиран е на постоечките регулативи и препораки во врска со граѓанското образование во јавните училишта и го вклучува општото образование и средното стручно образование и обука.

За повеќе информации во врска со граѓанското образование во Европа и светот погледнете ја Меѓународната студија за граѓанско образование 2016, досега најголемата емпириска студија од овој тип во светот, која што го мониторираше граѓанските знаења, ставови и ангажирања на 94.000 ученици во 24 земји.

  1. Целосниот извештај ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ЕВРОПА 2017
  2. Анекси на извештајот
  3. Краток преглед на извештајот

Назад