Публикација на Евридика: Краток преглед за модернизацијата на високото образование во Европа: Академски кадар 2017

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/213_EN_eurdice_brief_academic_vignette_2_100x141px.jpgВисоко образовниот сектор во Европа доживеа длабоки промени во последните години. Како што расте бројот на студенти, нови механизми за финансирање и управување се воспоставуваат, системите за осигурување квалитет се повеќе се развиваат, а општествените очекувања и барање се прошируваат. Сепак, имаше премалку фокус на влијанието и последиците од овој развој за академскиот кадар, кој што игра витална улога во високо образовните институции и системи.

Овој краток преглед е базиран на деталниот извештај Модернизација на високото образование во Европа: Академски кадар 2017,  што беше објавен во јуни 2017 во кој се анализираат реалните услови за академскиот кадар во променливата околина на високото образование. Краткиот преглед се фокусира на главните наоди од извештајот, вклучувајќи ги политиките за планирање на човечки ресурси, академските кариери, работните услови и наставата. Прегледот завршува со посочување на трите главни теми за процесот на носење на политики: урамнотежена институционална автономија и надзорот од страна на владините институции, подобрување на прибирањето и обработката на информациите за академските кадар и изедначувањето на просторот за кариерно напредување.

Назад