Работилница Еразмус+, високо образование - Филолошки факултет при УКИМ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/ukim/8162266199913136128_o.jpgЧетврток, 23 мај 2019 година               

На 21 мај, претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г-ѓа Данче Чаловска, на покана на MakeDOX – фестивал на креативен документарен филм, присуствуваа на работилница на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

На работилницата беше прикажан документарниот филм за Еразмус+ студентски мобилности и студентски пракси реализирани во Европа, а воедно се одржа и работилница со професорите и студентите од Филолошкиот факултет каде беа презентирани можностите што ги нуди програмата Еразмус+.

На настанот земаа учество претставници од Националната агенција, МакеДОКС - фестивал на креативен документарен филм, НВО АРНО, професори од Филолошкиот факултет, студент, од Факултетот за драмски уметности, кој, воедно, презентираше и успешна приказна од студентска мобилност реализирана во Софија, Бугарија, потоа претставници од ЕУ делегација, ГЕТЕ-институт Скопје и студенти од Филолошкиот факултет.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/ukim/8174646941360062464_n.jpg

Назад