РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС +, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

 

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/s.Cresevo/cresevo2.jpgВторник, 9 април 2019 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Мила Протугер Анастасова и г-ѓа Анабела Насковска Петрески, на 8 април,  во основното училиште „Наум Охридски”, во с. Црешево, одржаа работна средба за клучните акции на Еразмус+програмата, а воедно и за мрежите еТвининг и Еуропас.

Целта на одржување на работната средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и за можностите што ги нудат мрежите еТвининг и Европас, за наставниците и за учениците.

На работната средба присуствуваа 23 претставници од училиштето.  

На презентацијата претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаа свои излагања, со цел присутните да се запознаат подобро со можностите на самата агенција.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/s.Cresevo/cresevo1.jpg

Назад