РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со СОУ„Љупчо Сантов “- Кочани и неговата еТвининг амбасадорка Весна Кушевска, на 16.05.2018 година одржа работна средба за еТвининг платформата во истоименото училиште. На оваа работна средба присуствуваа 31 представник од СОУ„Љупчо Сантов “ како и соседни училишта и градинки од општина Кочани. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со  еТвиниг платформата и можностите кои истата ги нуди за наставниците и учениците.  Во прилог е линкот од „Канал 8“, Кочани која известува за истиот настан.

http://www.kanal8.mk/index.php/mk/5289-e-tvinig-prezentacija

Назад