ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА И МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ И ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

tl_files/web/Upload/20200304_140353.jpgПеток, 6 март 2020 година

На 4 март, во Скопје, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше одржан редовен воведен состанок за проекти кои се поддржани финансиски од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во 3. рок 2019 година, од програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус, КА105 - (младинска размена и мобилност на младински работници) и ЕСК11/31 - (волонтерски и солидарни проекти).

На почетокот на состанокот учесниците се осврнаа на состојбата со Корона вирусот и како таа се рефлектира на тековни и идни активности при имплементација на проектите.

На присутните им беа презентирани детални информации за обврските кои произлегуваат од Договорот за грант (обврски и финансиски правила) и ситуации со кои можат да се соочат во текот на имплементација на проектите.

Присутните имаа можност, со вработени во НА, да дискутираат за актуелни тековни и очекувани ситуации поврзани со подготовки за имплементација на проектите.

Состанокот заврши со отворена сесија на прашања и одговори за ситуации кои претходно не беа споменати или дискутирани.

Вмрежувањето и размената на искуства помеѓу организациите е додадена вредност на ваков вид на средби.

Назад