Регионален состанок на претставниците од регионите 2 и 5 на Асоцијацијата за Европската младинска картичка

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/20191007_121415.jpgСреда, 9 октомври 2019 година

Во периодот од 6 до 8 октомври 2019 година, во Софија, Бугарија, на работна средба се сретнаа претставници од регионите 2 и 5 заедно со Европската асоцијација за младинска картичка.

На состанокот се отвори дискусија за подобрување на соработката помеѓу партнерите во регионите 2 и 5 и размена на добри практики, препораките од првата средба која беше одржана во мај во Солун, Грција и следни чекори за проектот „Културни рути“ на Совет на Европа во соработка со EYCA.

Регионите 2 и 5 беа претставувани од Грција, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Чешка, Италија, Полска, Романија, Србија, Русија, Словенија, Франција, Северна Македонија како и претставници од координативната асоцијација за Европската младинска картичка.

Покрај предвидените активности на состанокот се договорија и заеднички настани за подобрување на капацитетите на организациите и лицата кои работат со младинските картички.

Назад