СЕ ОДРЖА ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ac/slika 2.jpgСреда, 3 октомври 2018 година            

Во просториите на Американ колеџ Скопје се одржа воведен состанок за програмата Еразмус+, високо образование КА103 и КА107. 

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, раководителот на Одделението за високо образование и образование на возрасни, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи, вработен во Одделението за стратешки партнерства за високо образование и образование на возрасни, го водеа состанокот, на кој присуствуваа Еразмус координатори од 21 универзитет/високо образовни институции од Република Македонија. 

На воведниот состанок се разговараше за правата и обврските кои произлегуваат согласно склучените договори, а воедно се презентираа и електронските алатки со кои работи Националната агенција и универзитетите – Mobility Tool+ и Е+ link.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ac/slika 3.jpg

 

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ac/slika 4.jpg

Назад