Соопштение за медиуми

19.06.2014

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  г. Дарко Димитров  на 19.06 и 20.06.2014г. учествува на Третиот Министерски состанок  на  Западно Балканската платформа за образование и обука кој што се одржува во Брисел организиран од Европската Конисија.

Учество на Министерскиот состанок на Западно Балканската платформа за образование и обука ќе имаат високи претсавници на Европската Комисија и Генералниот Директорат за образование и култура, Директоратот за проширување како и Министрите и високи преставници од  Министерствата за образование  на Македонија,  Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Третиот по ред министерски состанок се фокусира на повеќе аспекти од полето на образованието и обуката со акцент ставен на образованието и обуката на наставниците кое како приоритет беше дефинирано на претходните Министерски состаноци.

Во текот на Министеркиот состанок Директорот на Националната Ахенција г-динот Димитров ќе има излагање на Министерскиот панел во кое ќе го потенцира напредокот во сферата на образованието и обуката на наставниците во Република Македонија како и идните чекори кои ќе се превземаат со цел зголемување на квалитетот во ова поле. Воедно ќе ги даде и осврт кон Програмата Еразмус плус и текот на нејзината имплементација во Република Македонија која неодамна стана полноправна членка на оваа исклучително важна програма на Европската Комисија.

Во рамките на Министерскиот состанок г-динот Димитров ќе оствари и блиатерални средби со Директорот на Генералниот Директорат за образование и култура, г-динот Јан Трушчински како и заменик Директорот на овој Директорат г=динот Хавиер Пратс Моне.

 

Со Почит

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Назад