СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКА РАБОТНА ГРУПА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ТРАНСНАЦИОНАЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

tl_files/web/Upload/20200306_102501.jpgПеток, 6 март 2020 година

По покана од Европската комисија, на 3 март 2020 година, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски, присуствуваше на состанок на експертска работна група составена од претставници на Националните агенции за млади и образование, што се одржа во Брисел.

Генералниот директорат за образование, обука, млади и спорт од Европската комисија состави работна група од 11 претставници на Национални агенции, меѓу кои е и претставникот на НА, г. Јовица Митевски, кои ќе бидат дел од консултативниот процес за креирање на новата програма (наследникот на Еразмус+), поточно за инструментот Транснационални активности за соработка.

На состанокот беа опфатени важноста на идните цели и видови активности кои треба да бидат составен дел од ТАС, улогата на Националните агенции и САЛТО ресурсни центри, инклузивноста на активностите, поставување на столбовите за меѓу-секторска соработка и алатки кои треба да се развијат за подобра дисеминација и зголемена видливост.

Преку продуктивна дискусија беа донесени препораки кои се од голема важност, како за Националните агенции, така и за самите учесници, ќе се намалат административните бариери, а ќе се зголеми инклузивноста на програмата преку новите видови на активности со долгорочни стратегиски пристап.

Препораките кои произлегоа од состанокот ќе бидат интегрирани во новата програма со почеток од 2021 година.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе продолжи да го користи инструментот ТАС во сите достапни полиња преку поддршка на учесници на тематски настани, кои се од голема важност за градење на организациските капацитети и вклучување во новата програма.

Назад