СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЕВРОПАС ЦЕНТАРОТ ВО ЧЕШКА

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/83484288_10156960953663603_4060477341657202688_o,1.jpgЧетврток, 30 јануари 2020 година

Претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21 и 22 јануари беа во студиска посета на Европас центарот во Чешка.

Студиската посета е дел од тригодишната програма на Европас центарот што делува во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На студиската посета беа разменети искуства и добри практики во однос на документите и начинот на работење со Европас мрежата, како и новата платформа на Европас.

Исто така, беа разменети мислења и за активностите во изминатите две години, кои согласно своите програми ги реализирале Европас центарот во Чешка и Европас центарот во Република Македонија.

Во текот на посетата претставничките присуствуваа на сесија што беше наменета за ПР активности за настаните кои ги подготвуваат како Европас центар, при што беа поделени одредени промотивни материјали и игри кои се наменети за студентите и за учениците од средните училишта.

Во текот на вториот ден се оствари посета на Саем за високо образование, кој е реализиран во соработка со Република Словачка и се одржува во четири града Прага, Брно, Братислава и Нитра.

На саемот претставничка од Европас центарот од Чешка имаше свое излагање на тема Европас авантурите на наставниците, студентите и учениците во педагошкиот центар. По предавањето се разви дискусија од присутните ученици.

На саемот беа претставени сите универзитети во Прага и имаше огромна посетеноста од ученици кои планираат да го продолжат своето образование на универзитет.

Сите универзитети во Прага имаа свои штандови на саемот, со свои пропагандни материјали, а, исто така, и Националната агенција во Чешка беше претставена со свој штанд.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го посетија штандот на Националната агенција во Чешка каде беа срдечно пречекани од домаќините, при што разговара за натамошна соработка.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/P1220124,1.jpg

Назад