ТАС настан: ЕВРОПСКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА: иновации, тековни трендови и развој на младинската работа Конференција

21-24 мај 2019 | Крањска Гора, Словенија

Европската академија има за цел да ги поддржи иновациите и политиките во младинската работа како и развојот на квалитетот. Ова е поле за размена на креативни, трансформативни и иновативни пракси од младинската работа, алатки и инструменти.

Европската академија за младинска работа ќе понуди платформа за рефлексија на европските теми релевантни во полето на млади, нивниот тековен развој и идните трендови.

Околу 140 учесници ќе земат учество на првото издание на конференцијата „Иновации, тековни трендови и развој во младинската работа“.

Учесниците ќе имаат можност да учествуваат на пленарна сесија, неформален простор за работа и сесии по нивен избор и тие ќе можат да:

  • Разгледаат и тестираат иновативни алатки, модели и методи
  • Научат и рефлектираат за искуството и резултатите од проекти од полето на младинска работа, како и практики кои се во релација со тековните трендови на локално или европско ниво,
  • Се запознаат и дискутираат за резултатите од направени истражувања и студии
  • Рефлектираат за како овие практики, алатки или студии можат да се пренесат во контекст на својата работа.

Критериуми за учество на апликантите:

  • Искусни младински работници претставници на младински организации
  • Професионалци кои работат во полето на младинскиот сектор:

- Претставници од институции кои работат на младинските политики
- Тренери и обучувачи во полето на младинска работа
- Претставници од полето на наука и истражување

Учесниците треба да бидат посветени на методи на учење и контрибуција за нови иновативни иницијативи и развој, со цел подобрување на младинската работа.

Настанот ќе се одржи од 21 до 24 мај 2019 година во Крањска Гора, Словенија

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 17 февруари 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/eur0pean-academy-on-youth-work-innovation-current-trends-and-developments-in-youth-work.7784/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени обуки, може да биде побарана  контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на оваа меѓународна конференција. Лицата треба да бидат претставници на организација или институција кои работат на иновативен пристап кон младинската работа, како и креатори на младински политики.

Назад