ТАС Настан: Конференција во Бон, Германија

Тема/Theme: Добри практики од Еразмус+: Конференција за дисеминација и импакт во училишниот сектор (Best practice results from Erasmus+: A conference on Dissemination and Impact in the School Sector)

Целта на тренингот:

Да се даде акцент на сите иновативни и успешни проекти во сите активности на Еразмус+ училишно образование: проекти за мобилност во областа на училишното образование , проекти за стратешки партнерства (school-to school) како и партнерства од областа на училишното образование како и Е-Твининг проекти.

Тренинг курсот ќе понуди можност за мрежно поврзување на: селектираните училишта, институциите кои спроведуваат иновативни проекти како и на експертите и сите засегнати страни од ЕУ.

Курсот ќе пружи можност за размена на искуства во рамките на различните активности на програмата од делот на  училишното образование и ќе создаде синергија помеѓу истите.

На конференцијата ќе се даде можност за зголемување на видливоста на резултатите од проектите и ќе се даде поддршка во делот за дисеминација на проектите.

Ќе се разговара за резултатите од проектот и нивното влијание во однос на целите на програмата, како и главните приоритети во областа на училишното образование.

На конференцијата ќе се искористи и искуството од експертите со цел да се размислува за шансите и можностите за подобрување на НА и европските полиси за имплементација на програмата во областа на училишното образование.

Контакт семинарот ќе се реализира во Бон, Германија од 17 до 19 мај 2017.

 

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од градинки, основни, средни училишта во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 4места за учесници од областа училишното образование

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  08.03.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Германија“.

Назад