ТАС Настан: Контакт семинар во Прага во областа на образованието за здравствено и социјална грижа

Тема: „Соработка во полето на образование за здравствена и социјална грижа“ (Cooperation in the field of Health and Social Care Education)

Целта на тренингот:

- Да се истражат факторите за креирање на успешни проекти како на локално, така и на меѓународно ниво со акцент на стручното образование и обука,

- да се даде можност за соработка меѓу институции во полето за стручно образование и обука;

- Да се зголеми бројот на мобилности за вработени, но и да им се овозможи на учесниците да ги искористат можностите кои ги нуди КА2- стратешките партнерства за понатамошен развој на нивните практики на меѓународно ниво,

 - Да се даде можност за размена на искуства меѓу различни институции во полето на стручно образование и обука.

Контакт семинарот ќе се реализира во Прага, Чешка од 11 до 14 октомври 2017.

 

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, болници, компании и  институтции за здравствена и социјална грижа во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 14.07.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Чешка.

 

Назад