ТАС настан: Контакт семинар во Валета, Малта

Тема на контакт семинарот: Контакт Семинар за развој на eTwinning KA2 проекти за развој на јазикот (Contact Seminar on developing eTwinning KA2 projects for language development)

Целта на семинарот

- Да се обезбедат можности за споделување на знаења, добри практики и искуства поврзани со различни аспекти на Еразмус проектите за образование, со посебен акцент на проекти поврзани со проекти за еТвининг KA2, со приоритет на развојот на јазикот;

- Анализа на потребите на координаторите на проектите во фазата на апликација, вклучувајќи го целосното разбирање на главните приоритети во секторот за образование на училиштата, развојот на стратегијата за интернационализација и рамката за квалитет;

- Изработка на предлози за подобрување на квалитетот при спроведувањето на проектот;

- Анализа на различните аспекти на дневната активност на координаторите во однос на проектите за еТвининг кои го насочуваат развојот на јазикот;

- Обезбедување можности за вмрежување и за развој на проектни идеи и евентуално пишување на формуларот за апликација.

Семинарот ќе се одржи во Валета, Малта од вторник 16.10 2018 (со пристигнување во понеделник на 15.10.2018) до среда 17.10.2018 (со заминување во четврток на 18.10.2018).

Таргет група

- Семинарот е наменет за директори на училишта, воспитувачи, наставници и професори на предучилишни, основни и средни училишта.

- Учесниците треба да бидат заинтересирани за добивање на повеќе информации за проектите за еТвининг KA2, со посебен, но не и ексклузивен интерес за развој на јазикот.

- Новодојдените и оние со искуства од Erasmus проектите во рамките на дефинираната тема се добредојдени.

- Учесниците треба да бидат подготвени да разменат добри практики и да создадат партнерства за идните проекти за образование на Erasmus KA229.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на обука и училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Трошоците до и од меѓународните аеродроми Скопје и Малта се покриваат од страна на учесникот;

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 10 септември 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете го апликацискиот формулар. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk   со назнака „Контакт семинар Малта„.

 

Назад