ТАС Настан: МЛАДИНСКИ СОВЕТИ – ЛОКАЛНА И ИНТЕРНАЦИОНАЛНА РЕАЛНОСТ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2018/tca-warsaw18.jpgСЕМИНАР

9-13 АПРИЛ 2018 | КОНСТАНЦИН – ЈЕРЦИОРНА (ВАРШАВА), ПОЛСКА

Овој серминар има за цел да ја констатира реалноста на Младинските совети кои функционираат во различни земји како и да се истражи можноста за идна меѓусебна соработка.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА СЕМИНАРОТ СЕ:

- Да се истражи реалноста на работата кај младинските совети во различни земји;
- Да се истражат различни видови на младинско вклучување во процесите за донесување на одлуки, во рамките на младинските совети;

- Презентација на добри практики;
- Вмрежување на младинските совети кои ќе земат учество, да се истражат можностите за идна соработка.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ:

  • Претставници на младински совети од Р.Македонија;
  • Вклучени се веќе во реализирање на активности на локално ниво;
  • Да се заинтересирани за нови контакти и соработка со останати младински совети во Европа;
  • Да имаат над 18 години
  • Познавање на англискиот јазик за комуникација

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Настанот ќе се одржува во Констанцин – Јерциорна, Полска

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 4 март 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/youth-councils-local-and-international-realities.7088/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен семинар. Лицата треба да бидат претставници на младински совети од Македонија.

 

Назад