ТАС настан: Мојата омилена грешка –учење од грешките преку позитивни примери
Тренинг курс
8-14 мај 2017 | Понта Делгада, Португалија
Целта на овој тренинг е фокусот на учење, како да се најде нов пристап за справување со грешките и како може да ги поддржиме младите луѓе да се спраат со грешките од поглед на позитивен и конструктивен начин. Ќе се користат различни методи и техники преку театрална и рефлективна техника, преку правење на атмосфера во која грешките ќе бидат презентирани, истражени и ќе бидат рефлектирани.
Цели на тренингот се следниве:
- Да се рефлектира во однос со грешките, нивната улога во процесот на учење и нашиот традиционален пристап кон грешките.
- Да се истражат нови пристапи на техники и методологии за учење од грешки преку поситивен и конструктивен начин.
- Да се истражи како може да се поддржат младите со кои работиме преку справување со грешките.
- Да се истражи како новите пристапи кон учењето од грешките е поврзано со различни акции во програмата Еразмус+
Целна група за настанот:
- Младински работници
- Младински лидери
- Постари од 18 години
- Професионални лица кои работат со млади
- Претставници на невладина организација
КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 04 април 2017 година на следниов линк:
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Принципот на покривање на трошоци е следниов:
- Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;
- Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.