ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Бон, Германија

Тема: Дисеминација, одржливост и влијание на Еразмус + стратешките партнерства КА2 (Dissemination, sustainability and impact in Erasmus+ Strategic Partnerships (KA2))

Целта на тренингот:

Стратешките партнерства беа создадени со цел да бидат една од најатрактивните делови на финансирање на програмата Еразмус +. Голем предизвик во управувањето со стратешките партнерства на европско ниво е дизајнирањето и спроведувањето на здрава стратегија која обезбедува успешна дисеминација и искористување на резултатите од проектот со цел  да се добие добра одржливост и видливо влијание на подолг рок.

Главната цел на Еразмус + тренинг курсевите за  транснационална соработка (ТАЦ) е да ја олесни размената на европско ниво помеѓу координаторите и партнерите на стратешките партнерства за високо образование и да ги поттикне да развијат нови идеи за ефективна стратегија за постигнување на горенаведените цели.

Учесниците ќе добијат можност за размена на нивните идеи и искуства, како и примери за добри практики.  Од големо значење се интерактивните елементи од презентацијата и размена на содржини поврзани со високо ниво на ангажираност од сите учесници.

Контакт семинарот ќе се реализира во Бон, Германија од 16 до 17 мај 2018.

 

Таргет група:

- Таргет група за контакт семинарот се високо образовни инситуции во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 05.04.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Германија“.

 

 

 

Назад