ТАС настан: Повик за контакт семинар во Братислава, Словачка Република.

Тема на контакт тренингот и семинарот: “Building Partnerships for a Learner-Centred Approach”

Цел:

Целите на контактниот семинар ќе бидат следниве:

1. размена на добри практики при почетна и континуирана обука на наставниците за развој на компетенциите на наставниците неопходни за училиштата и универзитетите во Европа денес;

2. презентација на иновативни методологии и начини на предавање со фокус на наставата и учењето насочено кон учениците;

3. планирање на нови проекти. 

Очекувани резулатти:

Нови стратешки партнерства во училишниот сектор и / или меѓусекторското партнерство / високо образовни партнерства (KA201, KA229, KA203), иновативни проекти фокусирани на учење во центарот на наставата и учењето и развивање на синергии помеѓу училиштата и универзитетите, запознавање со новите методологии за настава и учење, размена на добри практики, вмрежување. 

Профил на учесници:*

Семинарот е отворен за учесници од полето на училиште и повисоко образование. Контактниот семинар е главно насочен кон наставниците во основните и средните училишта, вработените на високообразовни институции или на други организации кои обезбедуваат програми за обука на наставници, заинтересиран за концептот на настава и учење насочено кон учениците. 

Специфични цели:

а) размена на искуства меѓу учесниците и мислење од експерти во врска со одржливоста, искористувањето и дисеминацијата;

б) размена на добри практики, алатки, методи и пристапи во активностите за одржливост, искористувањето и дисеминација;

в) изготвување на препораки за идни корисници на Еразмус+ за ефикасни начини за искористување и одржување на резултатите.

Контакт семинарот ќе сереализира во Братислава, Словачка од 02 до 04 Октомври 2019. 

Таргет група: Еразмус + корисници: Учесници од областа на училишно образование.

Националната Aгенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано две места. 

Трошоци: 

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-Организациски трошоци(сместување, храна)кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната Агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара надоместок за сместувањето;

- Учесникот треба да го покрие трошокот за патот од аеродромот од Братислав до местото на настанот. 

Рок и начин за аплицирање:

*Рокот за аплицирање е продолжен до 05.06.2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација.  Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk со назнака Контакт семинар Словачка Република.

Назад