ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Букурешт, Романија

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-bukuresti.jpgTheme: CONNECTOR

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на крос-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

 - Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

Контакт семинарот ќе се реализира во Букурешт, Р. Романија од 03 до 08 јули 2017.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од училишта, тренери, едукатори, социјални работници, институции од образование и т.н..

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници од областа на стручно образование и обука и училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до   11 мај 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација и формуларот за регистрација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака (subject) „Контакт семинар Романија„.

 

Назад