ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Даблин, Ирска

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2018/dublin-1.jpgТема: ГРАДЕЊЕ НА КВАЛИТЕТНИ ПАРТНЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

(VET CONNECTED | GET CONNECTED BUILDING QUALITY PARTNERSHIPS FOR VET MOBILITY)

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на меѓу-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на меѓу-секторски стратешки партнерства партнерства;

- Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

- Да се даде можност на нови потенцијални апликанти во Клучна акција 1 во областа на стручно образование и обука.

Контакт семинарот ќе се реализира во Даблин, Ирска од 23 до 25 април 2018.

Таргет група:

- Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, ВЕТ Провајдери, социјални работници, претпријатија, институции од стручно образование и  обука, и др.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

- трошоците за виза треба да бидат покриени од страна на учесникот.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 15.03.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Ирска“.

Назад