ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Копенхаген, Данска

Тема (Theme):  Улогата на кариерното советување и водство во транзицијата од основно во средно стручно образование и обука (The role of guidance in the transition from lower secondary education to IVET)

Целта на тренингот:

- Тематски семинарот е фокусиран на улогата на кариерното советување и водство во преминот од основно во средно стручно образование и обука и како информативните кампањи може да ги зацврстат знаењата за и атрактивноста на средното стручно образование и обука;

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на крос-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

- Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

Контакт семинарот ќе се реализира во Копенхаген, Данска од 06 до 09 мај 2018.

Таргет група:

- Европски советници за кариерно водство и советување за средно стручно образование и обука, практичари за советување во основни и средни стручни училишта.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 1 место за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  16.03.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Данска“.

Назад