ТАС настан: Повик за контакт семинар во Диселдорф, Сојузна Република Германија.

Тема на контакт тренингот и семинарот:Creative arts as a path to inclusion

Цел:

Семинарот за контакт им нуди можност на училишните лидери и наставници да работат заедно на теми од заеднички интерес. Вие ќе добиете општи информации за програмата Еразмус + и поконкретно за клучната  акција 2 - Партнерството за размена на училишта. За време на Програмата Еразмус + Партнерството за размена на училишта, учениците и наставниците работат заедно во меѓународни тимови на одредена тема. За време на семинарот ќе развиете проектни идеи за партнерства на Еразмус + Партнерството за размена на училишта и воедно ќе започнете да ја подготвувате апликацијата за проектот. Темата на вашата партнерска размена во училиштата ќе биде ваш слободен избор. Меѓутоа, во поглед на содржината, ние ќе се концентрираме на импулси и примери за најдобри практики за искористување на  креативноста како пат кон вклучување за време на Еразмус + партнерството  за размена на училишта.

"Инклузијата" во основа значи еднаков пристап и можност за сите. Во училиште,  дизајнирањето на средината за учење и методите на таков начин се од големо значење, со цел да сите ученици се соодветно поддржани во нивните процеси на учење - без оглед на расата, полот, општественото и економското потекло или било какви посебни потреби. Креативните вештини можат да се искористат за подобрување на вклученоста во проектите за партнерство во училиштата. Креативното изразување преку сликање, пеење, танцување, драма може да го зајакне значењето на груата, емоционалната интелигенција, љубопитноста и емпатијата. Сите ученици можат да учествуваат според нивните способности. Различните нивоа на јазичните вештини или интеркултурните разлики, исто така, може да се надоместат со заедничко работење на креативен начин.

 Би сакале да Ве поканиме да дискутирате за начините на користење на креативните уметности во вашето училиште и во меѓународната проектна работа за подобрување на вклученоста и развивање на проектни идеи за вашата апликација Еразмус + во 2020 година. 

Очекувани резулатти:

Учесниците ќе развијат проектни идеи и ќе започнат со подготовка на нивната апликација за време на контакт-семинарот. 
 
 

Профил на учесници:*

Семинарот е отворен за учесниците во областа на училишното образование. Контакт семинарот е главно насочен кон лидерите на училиштата и наставниците на ученици на возраст меѓу 6 и 16 години кои се заинтересирани за темата на семинарот и се заложуваат за развој на партнерства за размена на училишта во Еразмус +.

Бидејќи ние би сакале да им дадеме можност за учество на што поголем број на училишта, можеме да прифатиме само едно лице по училиште. 

Специфични цели:

а) размена на искуства меѓу учесниците и мислење од експерти во врска со одржливоста, искористувањето и дисеминацијата;

б) размена на добри практики, алатки, методи и пристапи во активностите за одржливост, искористувањето и дисеминација;

в) изготвување на препораки за идни корисници на Еразмус+ за ефикасни начини за искористување и одржување на резултатите.

Контакт семинарот ќе сереализира во Диселдорф, Сојузна Република Германија од 10до 13 октомври 2019 година. 

Таргет група:Еразмус + корисници: Учесници од областа на училишно образование.

Националната Aгенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано две места. 

Трошоци: 

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-Организациски трошоци(сместување, храна)кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната Агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара надоместок за сместувањето;

- Учесникот треба да го покрие трошокот за патот од аеродромот од  Диселдорф, Сојузна Република Германија.

Рок и начин зааплицирање

Рокот за аплицирање е до 05.06.2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација.  Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk со назнака Контакт семинар Сојузна Република Германија.

 

Назад