ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Лајпциг, Германија

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/TCA-Leipzig.jpgТема(Theme):Признавање: употреба и усогласување на ECTS со резултатите од учењето (Recognition: use and matching of ECTS with learning outcomes)

Целта на тренингот:

Целта на оваа активност е размена на знаења/искуства и развој на најдобрите практики за конкретни прашања во врска со признавње на мобилноста на студентите, стажирање (доброволно и задолжително) и мобилноста на вработените. Друг клучен елемент на активноста е формулирањето на излезните резултати од учењето во меѓународна перспектива.

Контакт семинарот ќе се реализира во Лајпциг, Германија од 28 до 29 ноември 2017.

Таргет група:

- Таргет група за контакт семинарот се високо образовни инситуции во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 18.08.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Германија“.

Назад