ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Лувен, Белгија

Тема (Theme): ВЕТ мобилност за инженеринг/технологија/конструкција (VET MOBILITY on engineering/technology/construction)

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на крос-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

 - Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

- Семинарот ќе им овозможи на провајдерите за стручно образование и обука да достават апликации во KA102 / KA116 од областа на градежништво, автомеханика, обработка на дрво, обработка на метал, заварување, мекатроника.

Контакт семинарот ќе се реализира во Лувен, Р. Белгија од 07 до 09 мај 2018.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, ВЕТ Провајдери, социјални работници, претпријатија, институции од стручно образование и  обука, т.н.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  05.03.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликацијалинк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Белгија“.

Назад