ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Софија, Бугарија

Тема(Theme): Училници со подобра инклузија за учениците со дополнителни потреби (Making the classroom more inclusive for students with additional needs)

Целта на тренингот:

-Поттикнување за поголемо разбирање на еднаквоста во образовните средини и инклузивното образование;

-Истражување на начините за работа со деца;

-Разгледување на  примери за развивање на соодветни ресурси за учениците со различни способности;

-Размена на искуства од инклузивното образование од различни организации;

-Разгледување на примери за стратешко управување во училницата и како да создадете инклузивна средина;

-Едукативна посета на Инклузивниот центар.

Контакт семинарот ќе се реализира во Софија, Р. Бугарија од 27 до 31 мај 2018.

Таргет група:

-Таргет група за тренинг курсот се наставници и училишен персонал од предучилишно, основно, средно образование и образование на лица со посебни потреби, вработени во невладини организации и сите оние кои се заинтересирани да создадат позитивна и инклузивна средина каде што сите деца се чувствуваат ценети и сите деца можат да учат.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  05 март 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк, и истата скенирана со печат и потпис пратете ја на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Бугарија“.

Назад