ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Стокхолм, Кралство Шведска

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/rse_stockholm_modern_t800.jpgТема на контакт семинарот: Квалитетот на претшколското образование и грижа (Quality in Early Childhood Education and Care)

Цел:

Квалитетот на претшколското образование и грижа е еден од главните приоритети во акциите за стратешки партнерства од Еразмус+ програмата. Контакт семинарот и работилницата има за цел да произведе нови идеи и предлози за проекти за стратешки партнерства во полето на училишно образование. За време на дводневниот семинар, учесниците ќе имаат можност да се запознаат, научат нови вештини, да разменат идеи и практики од европските колеги и да воспостават партнерства.

Контакт семинарот ќе се реализира во Стокхолм, Кралство Шведска од 1 до 2 февруари 2018.

Таргет група:

- Таргет група за контакт семинарот се наставници од предучилишно и училишно образование

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано две места за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

- Во зависност од редот на летање, самиот учесник можеби ќе треба самиот да плати плус едно ноќевање дополнително во Стокхолм.

 

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 09.01.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Шведска.

 

Назад