ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Варшава, Полска

Тема на контакт семинарот:Партнерски проекти помеѓу училишта – Како да се испланира одличен проект за посебните училишта (S2S (school to school) partnerships – how to plan an excellent project for special schools)

Цел:

Овој ТАС настан е организиран во рамките на хоризонталните приоритети за социјална инклузија. Училиштата што поднесуваат апликации за Еразмус+ често прикажуваат ниска свест за подготовката на предлог апликации во смисла на добра анализа на потребите, јасно дефинирање на целите, активностите, резултатите и соодветноста кон приоритетите на Еразмус+.

Одтука, целта на настанот е да ги поддржи наставниците и директорите во професионализацијата на нивното знаење и вештини за планирање и реализација на образовни меѓународни проекти за сорабоптка во областа на:

- внатрешната логика на проектот;

- квалитет на партнерството;

- активности за учење, поучување, и обука;

- дисеминација и оджливост на проектните резултати.

Контакт семинарот ќе се реализира во Варшава, Полска од 09 до 13 мај 2018.

Таргет група:

- Директори и наставници од посебни училишта за ученици со хендикеп заинтересирани за реализација на проекти во рамките на Еразмус+ програмата, Клучна акција 2 Партнерски проекти помеѓу училишта, кои што се способни да работата на англиски за време на работилниците во рамките на настанот.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано едно место за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 16.03.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Полска.

Назад