ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Варшава, Полска

Тема: Политики базирани на докази во Еразмус+ (Evidence-based policy in Erasmus+)

Целта на тренингот:

Главната идеја на семинарот е да ги запознае учесниците со резултатите од истражувањето за Програмата Еразмус+ во смисла на нејзиниот ефект врз институциите/организациите и учесниците, сподели искуства за алатките, практиките и методологија, креирањето мрежи за идните заеднички истражувачки активности и да го разгледа пристапот на Националните агенции кон анализите и политиките базирани на докази во Еразмус+

Контакт семинарот ќе се реализира во Варшава, Р. Полска од 25 до 27 октомври 2017.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, ВЕТ Провајдери, социјални работници, претпријатија, институции од стручно образование и  обука, високо образовани институции т.н.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука и високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-   Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-   Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-   Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  02 јуни 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Полска“.

 

Назад