ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Хановер, Република Германија

Тема на контакт семинарот Teaching of European values as a key against radicalization in school“ (Учење за Европските вредности како клучен фактор против радикализацијата во училиштата)

Цел:

Контакт семинарот ќе понуди можност за мрежно поврзување на: селектираните училишта, институциите кои спроведуваат иновативни проекти како и на експертите и сите засегнати страни од ЕУ.

Семинарот ќе пружи можност за размена на искуства во рамките на различните активности на програмата од делот на  училишното образование и ќе создаде синергија помеѓу истите.

На семинарот ќе се искористи и искуството од експертите со цел да се размислува за шансите и можностите за подобрување на НА и европските полиси за имплементација на програмата во областа на училишното образование.

Контакт семинарот ќе се реализира во Хановер, Република Германија од 19 до 22 Октомври 2017.

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од предучилишно и училишно образование

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано2 места за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 16.05.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Германија.

 

Назад