ТАС Настан: Повик за семинар во Сплит, Хрватска

Тема: Connecting Higher Education Institutions and Business Community: Increasing the Quality of Erasmus+ Traineeships - Поврзување на високообразовните институции и бизнис заедницата: Зголемување на квалитетот на Еразмус+ обуките

Целта на тренингот:

Обуките можат да бидат важен чекор во преминот од образовниот  во професионалниот живот. Како што  работното искуство е високо ценето од страна на работодавците,така и  раното искуство на пазарот на труд може да биде корисно во процесот на премин од дипломирање во стапување во работен однос. На семинарот ќе учествуваат повеќе меѓународни експерти кои ќе говорат на  следниве теми:

            - Обуки на европско ниво, истражување на постоечките рамки и активности потребни за подобрување на нивниот квалитет;

            -  Како да се зајакнат врските меѓу образованието и бизнис секторот;

            -  Како да се задоволат потребите на студентите;

            -  Придобивки за универзитетите, нивните дипломци и претпријатијата;

            - Начини на кои  високообразовните институции можат да обезбедат добра поддршка и менторство за студентите.

            - Улогата на центарот за кариера во бизнис мрежата;

            -  Практични вежби за препознавање на компетенциите развиени преку различни меѓународни искуства.

Семинарот ќе се реализира во Сплит, Р. Хрватска од 23 до 25 октомври 2018.

Таргет група:

Претставници на високообразовните институции кои ги поврзуваат високообразовните институции со бизнис секторот и организираат Еразмус + обуки (службеници за меѓународни односи, советници за кариера, координатори за обуки, донесувачи на одлуки, службеници за врски со академијата и бизнис секторот).

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 1 место за учесници одобласта на високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-           Трошоци за контакт семинарот кои изнесуваат 40 евра и се плаќа од Ваша страна на самиот организатор (Националната агенција од Хрватска);

-          Организациски трошоци (сместување, храна) најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

 

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 20 јули 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк, и истата скенирана со печат и потпис пратете ја на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Хрватска„.

Назад