ТАС Настан: СПРЕМНИ ЗА СВЕТОТ – АЛАТКИ ЗА ВОДЕЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА ВО НИВНИОТ ЖИВОТ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/TCA-helsinki.jpgСеминар / Конференција

12-15 септември 2017 | Хелсинки, Финска

Семинар и саем за алатки на информации за младите лица, водството и советувањето на младите лица: Споделување и оформување на добри пракси за испорака на информациите, водството и советување на младите лица кои се однесуваат на иднината на нивниот живот.

Целта на овој семинар е да се обидеме да ја видиме иднината на младите лица. Кои се идните мега трендови и како светот и нашите животи ќе се променат?  Кои се предизвиците со кои што би се соочиле младите лица во иднина? Како може младинската работа и информациите кои се однесуваат на младите лица да помогнат при соочувањето на младите лица со предвизиците кои што ги чекаат во иднина? Кои добри пракси веќе се достапни во Европа?

Семинарот вклучува сесии на кои што ќе присуствуваат експерти и ќе споделуваат добри пракси и искуства. Главниот говорник ќе биде Финскиот футурист Илка Хачава. Идејата е да се заобиколат традиционалните информации за млади и да се оди подлабоко во работите кои што се поврзани со:

  • Интернационална мобилност;
  • Медиумска писменост;
  • Животот на интернет (Предизвиците предизвикани од "дигиталниот животен стил")
  • вработување, кариера и економија
  • благосостојба

ТАРГЕТ ГРУПА:

  • Искусни и посветени младински работници
  • Професионалци за младински информации, водство и советување.
  • Учесниците мора да имаат над 18 години
  • Способни да комуникцираат на англиски јазик.
  • Претставници од невладини организации

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 23 јули 2017 година на следниов линк:

Апликацијата може да ја симнете на овој линк.

Пополнетата апликација испратете ја на tca@na.org.mk

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

 

Назад