ТРКАЛЕЗНА МАСА – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/tetovo-dut/41976588.jpgНа 18 септември 2018 година, во просториите на Универзитетoт во Тетово, Националната aгенција за eвропски образовни програми и мобилност, организираше тркалезна маса на тема „Зајакнување на соработката на високообразовните институции и невладините организации во зголемување на бројот на мобилност на студенти со посебни потреби и помалку можности“. Присутни на настанот беа претставници на невладини организации кои работат со лица со посебни потреби и помалку можности и претставници на универзитетите кои гравитираат во Полошки регион, Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Панелисти на тркалезната маса беа проф. д-р Буниамин Мемеди – професор на Педагошкиот факултет - отсек Специјална едукација при Универзитетот во Тетово, Нермине Муради - студентка којашто била на мобилност во склоп на програмата ЕРАЗМУС+ во Ави Евран универзитетот во Турција, Бујар Синани – ЕРАЗМУС координатор при Универзитетот на Југоисточна Европа, Мерита Мустафи – програмски менаџер во АДРР СОНЦЕ, Авни Хисмани - член на управен одбор на Мобилност Тетово и Гостивар и Александар Богојевски - раководител на Одделението за високо образование и образование на возрасни во Националната агенција.

Настанот беше модериран од Астрит Реџепи, вработен во Одделението за стратешки партнерства за високо образование и образование на возрасни во Националната агенција.

Панелистите ги споделија своите искуства, проблеми и предизвици што ги имаат на нивното работно место. Тие споделија лично искуство од студентската мобилност во склоп на програмата ЕРАЗМУС+ и од младинската размена во склоп на еден проект којшто е финансиран од Агенцијата, од лице што е со посебни потреби - телесна попреченост. По излагањата на панелистите, се разви дискусија во која активно се вклучија и другите претставници на невладини организации и други чинители.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/Dzep2018/Tetovo/42140330.jpg

На крајот од тркалезната маса произлегоа следните заклучоци:

-          До ВОИ и НВО сектор ќе биде доставен прашалник/формулар преку кој ќе се обиде да се добие точниот број на студенти со посебни потреби на Универзитетите и членови на НВО секторот;

-          При аплицирање за ЕРАЗМУС+ мобилност, Универзитетите ќе ги земат сите информации од студентите и ако има случаи со посебни потреби или помалку можности ќе ги достават до Агенцијата;

-          Да се спроведуваат повеќе инфо денови на Универзитетите каде што посебен акцент ќе се става на лицата со посебни потреби и помалку можности;

-          Листата на присуство ќе биде доставена до сите присутни на тркалезната маса, за да можат тие да продолжат со комуникација.

Назад