ТСА настан: Сите за инклузија (фаза 1)

Тренинг курс

9-13 октомври 2017, Словачка

            Овој тренинг курс се фокусира на охрабрување и зајакнување на младинските работници и социјалните работници да започнат со инклузивни проекти со мешани групи преку Еразмус+ проекти.  Нашата главна цел е да го направиме Е+ поинклузивен, достапен за младите лица со помали можности.

“Сите за инклузија” е тренинг курс во две фази. Втората фаза ќе биде во мај 2018 година. Целите на тренинг курсот “Сите за инклузија” се следниве:

-         Придобивање на знaење за како да се справите со инклузија во Еразмус+ проектитe и да откриете различни можности за инклузивна младинска работа во рамките на Еразмус+ (Волонтерски Сервис и Младинска размена);

-         Давање на можност на младинските работници подобро запознавање на лицата со помали можности (клучни концепти во полето на инклузија);

-         Дисусија и анализирање на предизвиците на инклузијата на лицата со помали можности во Еразмус+ активностите;

-         Подобрување на интеракцијата помеѓу младите лица со и без помали можности

-         Стекнување на компетенции за како да се стимулира процесот на учење на млади лица со помали можности;

-         Запознавање на  различни алатки за инкузија, методи и пристапи;

-         Размена на добри пракси за тоа колку инклузивни проекти можат да влијаат на личните патишта на таргет групата;

-         Воспоставување на партнерства помеѓу организациите чии претставници се учесниците;

-         Младински работници, социјални работници;

-         Мотивација за развивање на идни проекти во полето на инкузија со Еразмус+ Програмата;

-         Заинтересираност во истражување на мобилностите со Еразмус+

-         Учесниците можат да аплицираат во парови ( во случај на потешкии во познавањето на англискиот јазик но еден од парот мора да знае го говори англискиот јазик.)

Целна група за настанот:

  • Младински работници, Младински лидери
  • Постари од 18 години
  • Професионални лица кои работат со млади со помали можности
  • Претставници на невладина организација

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 21 август 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/all-4-inclusion-phase-1.6566/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

 

Назад